Тедрос повика на итен прекин на огнот во Газа

Поздравувајќи ја резолуцијата на Советот за безбедност на ОН со која се бара зголемена помош за Газа, шефот на Светската здравствена организација Тедрос Аданом Гебрејесус истакна дека „итен прекин на огнот“ е „најитното барање“, пренесува МИА.

„Досегашната катастрофална бројка од војната не може да се игнорира, вклучително и загубата на над 20.000 животи, главно жени и деца, и над 53.000 повредени“, порача Тедрос на платформата Х (Твитер).

Заканата од глад и ширење на болести е голема“, напиша меѓу другото генералниот директор на СЗО.