Столтенберг: Поддршката за Украина не е добродетелство, се работи за нашата сопствена безбедност

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг денеска од Брисел изјави дека е „од суштинско значење“ американскиот Конгрес „во блиска иднина да се согласи за продолжување на поддршката за Украина“, пренесува НАТО.

Тој додаде дека поддршката за Украина „не е добродетелство, се работи за нашата сопствена безбедност“.

„Руската победа ќе не ослаби и ќе ја охрабри не само Москва, туку и Кина, Иран и Северна Кореја“, рече Столтенберг на заедничка прес-конференција со советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џејк Саливан.

Саливан очекува широка поддршка во Конгресот за помош за Украина. „Нема алтернатива за американската помош за Украина“, заклучи тој.

Тој додаде дека единството на Алијансата не е разнишано од дејствијата на Русија.

Подготви: М. Пешевска