Западниот Балкан има стратешка важност за НАТО и затоа Алијансата е воено присутна во регионот, во услови кога состојбата во него е кревка, изјави генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг по денешната средба со црногорскиот премиер Милојко Спасиќ во Брисел, на која главни теми биле состојбите во Косово и во БиХ, руската агресија врз Украина и подготовките за претстојниот Самит на НАТО во Вашингтон.

– Затоа сме многу загрижени кога гледаме насилство како она минатата година во Косово, истакна Столтенберг, додавајќи дека ваквите појави се неприфатливи и како одговор на нив, НАТО го засили своето воено присуство на терен, испраќајќи дополнителни војници во составот на силите на КФОР, кои се таму со мандат на ОН.

Прикажи повеќе