Корупцијата може да ги закопа стратешките амбиции на Северна Македонија и да ги демотивира стратешките партнери за поддршка на евроинтегративниот пат. Ова е ставот на американскиот Сстејт Департмент во однос на последните измени на Кривичниот законик со кои кривичните дела „злоупотреба на службената положба“ и „криминално здружување“ се сведуваат на ефективни мерки, а злоупотреба на јавните средства се укинува како одредба. САД смета дека Северна Македонија мора да ги исполни ветените критериуми во борбата против организираниот криминал.

„Ја охрабруваме Северна Македонија да ги исполни своите ветувања за борба против корупцијата. Лидерите на Северна Македонија мора да покажат резултати и да ја зајакнат борбата против корупцијата,  институционалната независност и да го запрат политичкото мешање, особено во судството. Ова е од суштинско значење за постигнување на целта, членство во ЕУ и враќање на довербата на граѓаните во владата“, Стејт Департмент на САД.

Администрацијата на Џо Бајден повторува дека нивната поддршка во борбата против организираниот криминал останува приоритет.

„Борбата против корупцијата на ниво на Западен Балкан е приоритет на администрацијата на Џо Бајден. САД ќе продолжат да ги поддржуваат владите, граѓанскиот сектор, независните медиуми и граѓаните во борбата против организираниот криминал, искоренувањето на корупцијата и зголемувањето на транспарентноста“, Стејт Департмент на САД.

САД сметаат дека сите оние кои се огрешиле пред законот мора да одговараат, особено за кривичните дела поврзани со организираниот криминал и корупцијата.

Адријан Керими

Прикажи повеќе