Шпанија и Франција вечерва го играат последниот натпревар од Лигата на нации на „Сан Сиро“.

Во полуфиналниот натпревар пред неколку дена, Шпанија ја совлада италијанската селекција во одличен настап со 2: 1.

Од друга страна, во второто полуфинале гледавме вистински спектакл во кој Франција по пресвртот ја совлада селекцијата на Белгија.

Вечерва на Сан Сиро ќе го дознаеме победникот на Лигата на нации од нејзиното основање и сигурно е дека не очекува возбудлив натпревар.

Натпреварот се игра од 20:45 часот, а Луис Енрике и Дидие Дешам веќе ги објавија стартните состави.

Шпанија: Унаи Симон, Аспиликуета, Гарсија, Лапорте, Алонсо, Бускетс, Родри, Гави, Ојарзабал, Торес, Сарабија.

Франција: Лорис, Кунде, Варан, Кимпембе, Павард, Тео Ернандез, Погба, Чуамени, Гризман, Мбапе, Бензема.