Смртоносниот биланс од жестоките шумски пожари што го опустошија хавајскиот остров Мауи се искачи на најмалку 53 загинати лица, а официјални претставници предупредија дека бројот на жртви најверојатно ќе расте, пишува Гардијан.

Катастрофалните пожари, кои ги претворија населбите на островот во пустина и уништија повеќе од илјада објекти, веројатно се најголемата природна катастрофа во американската сојузна држава, изјави гувернерот на Хаваи. Се очекува бројот на смртни случаи да го надмине оној од цунамито во 1960 година, во кое загина 61 лица.

Прикажи повеќе