Светската здравствена организација (СЗО) и американските здравствени власти објавија дека внимателно ја следат новата верзија на вирусот „Ковид-19“, иако „можните последици од бројните мутации BA.2.86 сè уште се непознати“.

„СЗО одлучи да ја класифицира новата варијанта во групата варијанти под надзор, поради многу големиот број (повеќе од 30) генски мутации што ги носи“, пишува организацијата во епидемиолошкиот извештај за пандемијата на Ковид-19 објавена во петокот вечерта.

Новата верзија досега е пронајдена во Израел, Данска и САД.

„Можните последици од мутациите BA.2.86 сè уште не се познати и се предмет на темелна анализа“, велат од организацијата

Прикажи повеќе