Канцеларијата на американската крајбрежна стража задолжена за североисточниот дел на земјата утрово објави дека канадски авион P-3 открил подводни звуци во областа каде што се бара исчезнатата подморница Титан, пишува „Гардијан“.

„Возилата управувани од далечина се пренасочени за да се испита изворот на звуците. Возилата пријавиле негативни резултати по пребарувањето, но тие продолжуваат да работат“, објави американската крајбрежна стража на Твитер.

Американската крајбрежна стража додаде дека податоците собрани од канадскиот авион се проследени до американската морнарица, која подетално ќе ги анализира. Звуци од удар се детектираат на секои 30 минути.

Иако се верува дека до петок нема да има кислород во подморницата, сепак постои надеж дека дотогаш ќе биде лоцирана и донесена на безбедно.

Си-Ен-Ен во вторникот објави дека во новиот меморандум се споменува дека се регистрирани „дополнителни акустични повратни информации“ и дека тоа ќе помогне во „векторирањето на површинските ресурси“.

Како што се наведува, акустичните информации сугерираат дека сè уште има надеж за тимовите за пребарување да ги лоцираат преживеаните.

Прикажи повеќе