Американскиот претседател Џо Бајден се очекува денеска да го прекине увозот на руска нафта, природен гас и јаглен во САД, според тројца извори запознаени со одлуката, пренесува Си-Ен-Ен.

САД ќе го направат овој потег еднострано, без своите европски сојузници, поради спорот меѓу европските држави дали ќе ја запрат руската енергија. Земјите од ЕУ се значително повеќе зависни од руската енергија отколку САД.

За неколку часа се очекува Бајден да ѝ се обрати на нацијата за ова прашање.

Американскиот државен секретар Антони Блинкен денеска изјави дека е клучно европските земји да престанат да се потпираат на руската енергија, особено сега кога војната во Украина продолжува.

Зборувајќи на заедничката прес-конференција со естонската премиерка Каја Калас, Блинкен рече дека ова е „можност, не само важна, туку и неопходна за конечно да се отстрани, за многу земји во Европа, зависноста од руската енергија, бидејќи Русија ја користи како оружје.