Семејствата на киднапираните Израелци упаднаа во Парламентот, бараaт ослободување на заложниците

Членови на семејствата на израелски заложници кои сè уште се држат во Газа денеска извршија упад на состанокот во Кнесетот, израелскиот парламент.

Тие го пробија обезбедувањето и го прекинаа состанокот за финансии – протестирајќи дека се расправа додека нивните најблиски остануваат во заробеништво, пренесува Би-Би-Си.

Еден од членовите држеше табла на која пишуваше: „Нема да седите овде, додека нашите деца умираат таму“.

Израел вели дека повеќе од 130 луѓе се водат како исчезнати откако биле киднапирани за време на нападите на Хамас на 7 октомври.

Повеќе од 100 заробеници беа ослободени за време на шестдневниот прекин на огнот на крајот на ноември.

Подготвил: М. Пешевска