САД соопштија дека почнала изградбата на привремено пристаниште во Појасот Газа за хуманитарна помош

Инженерите на американската армија вчера почнаа да градат привременo пристаништe во близина на брегот на Газа, што може да им помогне на хуманитарните работници да испорачуваат до два милиони оброци дневно, соопштија претставници на Министерството за одбрана.

Пристаништето е со цел хуманитарната помош да ги заобиколи израелските ограничувања за копнените конвои во опколениот појас.

Но, хуманитарните работници и претставниците на одбраната рекоа дека поморскиот проект не е адекватна замена за поголема копнена помош.

Претставниците на одбраната очекуваат проектот да биде завршен на почетокот на следниот месец.

Инаку, експертите изглегоа со став дека до крајот на мај веројатно ќе дојде до глад во Газа.