Руте: Можен е договор со Унгарија за помош на Украина

Европската унија може да најде начин да одобри финансиска помош за Украина ако „Унгарија исто така е подготвена на компромис“, изјави холандскиот премиер Марк Руте пред денешните клучни разговори на специјалниот Европски совет.

Одговарајќи на прашањето што е неопходно за да се убеди унгарскиот премиер Виктор Орбан да се откаже од противењето, Руте рече дека сега е невозможно за него „да навлегува во секоја желба на“ унгарскиот лидер.

– Лидерите на ЕУ се обидуваат да најдат решение за сите 27 земји-членки на ЕУ да можат да се согласат, рече холандскиот премиер додавајќи дека „секое друго решение е многу тешко“.