Венецуелската атлетичарка во трискок Јулимар Рохас и аргентинскиот фудбалер Лионел Меси се најдобри спортисти во Јужна Америка за 2021 година, одлучи во својот избор Меѓународното здружение на спортски новинари (AIPS).

Рохас (26) го освои златниот медал на Олимписките игри во Токио, а со скокот од 15,67 метри воедно го собори и 26 години стариот рекорд што во дисциплината трискок го држеше Инеса Кравец (15,50).

Најдобриот спортист на јужноамериканскиот континет за 2021 година Меси, првпат во кариерата освои голем трофеј со аргентинската репрезентација, која беше најдобра на Копа Америка, и тоа првпат по 1993 година.

Аргентина во финалето на „Маракана“ во Рио де Женеиро го совлада Бразил со 1:0.