Роверот Perseverance на НАСА е опремен со напреден компјутерски пилот познат како AutoNav и оствари големи успеси на површината на Марс, поставувајќи нови рекорди во февруари 2021 година.

На патот од 26 јуни до 31 јули годинава Perseverance поминал растојание од 759 метри низ подачјето познато како Snowdrift Peak. Овој потфат беше направен за отприлика 1/3 од времето кое би било потребно за другите ровери на НАСА.

Роверот, исто така , морал да застане двапати поради работа за мисијата, а оддалеченоста од 759 метри кое го поминал Perseverance со помош на автопилотот AutoNav е нов рекорд за најдолго возење на Марс на автопилот. Можностите на AutoNav, кој на роверот му помага во кратењето на времето на возење помеѓу две подрачја од научен интерес. Студијата детално е опишана во списанието Science Robotics. Патувањето на роверот низ Snowdrift Peak било отприлика 12 соли или марсовски денови, што е побрзо отколку роверот Curiosity.

Прикажи повеќе