Perseverance е роверот во сопственост на Националната аеронаутичка и вселенска администрација на Соединетите Американски Држави – НАСА. Perseverance има неверојатно откритие за органските соединенија што се наоѓаат во кратерот Џезеро на планетата Марс.

Роверот открил органски материјали на десет локации што ги истражува на дното на кратерот. Научниците се убедени дека откриените соединенија би можеле да се развијат и на небиолошки начини, но резултатите укажуваат кон сложени органски услови за клучните градежни блокови, кои што овозможуваат развој на живите организми. Истите органски молекули содржат јаглеродни атоми и водород, кои што претставуваат базични компоненти на животот каков што го знаеме на Земјата.

Откритието во никој случај не е потврда дека некогаш постоел живот на Марс, туку е знак дека некогаш постоеле услови неопходни за живот каков што го знаеме. Роверот Персеверанс истражува многу аспекти на четвртата планета од Сонцето, но главен меѓу нив е дали Марс бил домаќин на живот во своето античко минато или не.

Прикажи повеќе