Манчестер Сити му нанесе еден од најболните порази на Реал Мадрид во поновата историја на Лигата на Шампионите. Англискиот гигант убедливо со 4-0 го победи мадридскиот гигант и со вкупни 5-1 се пласира во големото финале.

Рио Фердинанд, легендарниот англиски дефанзивец, по натпреварот на „Итихад“ откри дека менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, му пишал порака на неколку часа пред почетокот..

„Тој ми напиша: Верувај ми, ќе ги победиме. Верувај ми“, откри Фердинанд и додаде: „Тоа најдобро покажува колку Сити верува во себе. Ми го кажа тоа на два-три часа пред натпреварот.

Сити тактички доминираше, беа смртоносни, постигнуваа голови во вистинско време. Овој тим не е далеку од Барселона што ја водеше Гвардиола“, додаде Фердинанд.

Во финалето на десети јуни во Истанбул, Сити ќе се сретне со Интер, кој во вторникот по вторпат го совлада градскиот ривал Милан.

Прикажи повеќе