Републиканците во средата го номинираа пратеникот Стив Скализ за нов претседател на Претставничкиот дом, околу кого ќе се обидат да се обединат по смената на Кевин Мекарти од таа функција.

На внатрешно гласање, републиканците во Претставничкиот дом го избраа Скализ, актуелниот лидер на мнозинството, против Џим Џордан, кој доаѓа од потврдото десно крило на Републиканската партија.

Републиканците сега ќе треба да ги соберат речиси сите членови на нивното тесно мнозинство во Претставничкиот дом зад Скалис кога ќе дојде формалното гласање, бидејќи демократите сигурно ќе бидат против републиканскиот кандидат.

Републиканците во Долниот дом на Конгресот имаат мнозинство од 221наспрема 212.

Прикажи повеќе