Според првичните информации од Шпанија, Реал скапо ја плати победата на „Сан Мамес“. Дефанзивецот Едер Милитао тешко се повредил и за него оваа сезона е веќе завршена. Милитаo во солзи го напушти теренот, во второто полувреме, а од клубот потврдија дека повредата е многу сериозна, без да даваат повеќе информации.

Милитао денеска ќе биде подложен на дополнителни тестови, по кои ќе се знае дали ги скинал лигаментите.

„Не можам да потврдам дека нема повреда на лигаментите на коленото. Лекарите рекоа дека е сериозно и мора да почекаме да бидат направени тестовите“, изјави тренерот на Реал, Карло Анчелоти.

Ова е втор голем удар за Реал на самиот почеток на сезоната. Пред неколку дена голманот Тибо Куртоа ги скина лиганентите во коленото, поради што е опериран и за него сезната заврши. Него на голот ќе го замени Кепа Аризабалага кој ќе дојде на позајмица од Челси.

Прикажи повеќе