По подолга пауза, македонската женска клупска одбојка се враќа на европската сцена. Актуелниот освојувач на двојната круна, Работнички, и официјално се пријави за настап во ЦЕВ Челинц Купот во женска конкуренција, каде минатата сезона титулата ја освои италијанскиот клуб Киери, пишува спортмедиа.мк.

„Сите во клубот сме согласни дека овие девојчиња заслужуваат да ја почувствуваат и европската сцена. Затоа и се одлучивме да се пријавиме во Челинџ купот. Немаме искуство, па затоа беше најдобро да не се залетуваме со учество во Лигата на шампионите. Да одиме чекор по чекор. Ќе го задржиме костурот на тимот и со наши домашни сили ќе се преставиме на европската сцена. Дај боже да успееме да одиграме повеќе од едно коло и да одиме скалило по скалило како што тоа му доликува на клуб со реномето на Работнички“, вели спортскиот директор на шампионките, Андријана Зафировска. /sportmedia.mk

Прикажи повеќе