Рускиот претседател Владимир Путин потпиша закон за повлекување на ратификацијата на Договорот за сеопфатна забрана на нуклеарни тестови, пишува РИА Новости, а пренесуваат српските медиуми.

Законот за повлекување на ратификацијата на договорот на Путин му го доставил претседателот на Долниот дом на рускиот парламент, Вјачеслав Володин.

Потписот на Путин официјално го укинува членот 1 од законот „За ратификација на Договорот за сеопфатна забрана на нуклеарни тестови“, со кој се предлага ратификација на договорот, потпишан во име на Руската Федерација во Њујорк на 24 септември 1996 година.

Како што е наведено во придружните документи, усвоениот закон е изработен со цел да се воспостави паритет во однос на обврските во областа на контролата на нуклеарното оружје. Законот влегува во сила од моментот на неговото официјално објавување.

Прикажи повеќе