Претседателите на Русија и Турција, Владимир Путин и Реџеп Таип Ердоган денеска ќе се сретнат во Сочи, а освен билатерални прашања, главна тема на разговор ќе биде и договорот за извоз на жито од црноморските пристаништа.

Анкара ги интензивираше своите напори во последниве недели да го обнови коридорот за жито за да помогне во олеснувањето на глобалната криза со храна.

„Ние играме водечка улога овде. Гледаме силна поддршка од целиот свет за спроведувањето на коридорот за жито“, рече советникот за надворешна политика на Ердоган.

Прикажи повеќе