Демонстрантите на денешниот протест во Приштина фрлија димни бомби кон владината зграда како знак на незадоволство од склучениот договор во Охрид меѓу премиерот Албин Курти и српскиот претседател, Александар Вучиќ.

Advertisements

Договорот, меѓу другото, предвидува Косово да ја спроведе обврската за формирање на Заедницата на општини со српско мнозинство и да им овозможи самоуправување.

Демонстрантите бараа оставка од Курти. Од јарболот пред владината зграда го симнаа косовското знаме и наместо тоа закачија бело знаме за да симболизира дека Курти се предал во Охрид.

Прикажи повеќе