Израелската војска соопшти дека денеска ја продолжи борбата против Хамас во Газа, откако ја обвини палестинската милитантна група дека го прекршила седумдневното привремено примирје со пукање врз израелска територија.

„Сирени за предупредување за ракети се слушнаа утрово во израелските заедници во близина на границата со Газа. Ова е првпат да се огласат сирени од почетокот на прекинот на огнот на 24 ноември“, јавуваат израелските медиуми.

Во меѓувреме, израелската војска потврди дека нејзиниот одбранбен систем „Железна купола“ пресретнал ракета истрелана од Газа рано утрово.

Четврто лице го загуби животот по вчерашното пукање во Ерусалим, според извештаи на израелските медиуми.

Прикажи повеќе