Манчестер Сити вторпат во својата историја, а Интер по шести пат ќе играат во финалето на годинешната Лига на шампионите. Никогаш во историјата меѓусебе овие два клуба не се сретнале на официјален меч и сега првиот меѓусебен меч ќе им биде за највредниот клупски трофеј.

Hа 10 јуни турскиот град Истанбул да биде домаќин на англиско-италијанска пресметка и таа да е прва меѓусебна во историјата на двата финалисти.

Пред 18 години, во епското финале, првпат меѓусебе играа Милан и Ливерпул, а финалето заврши спектакуларно со реми 3-3, после водство на Милан од 3-0 на полувреме и на крај победа на пенали на „црвените“ за нивната тогашна петта титула во историјата.

Сега повторно во Истанбул ќе се сретнат англиски и италијански тим, кои меѓусебе првпат се судираат.

Прикажи повеќе