Поморски сили на Украина: Во Црното и Азовското Море нема руски бродови

Од утрово нема руски воени бродови во водите на Азовското и Црното Море, објавија на Фејсбук поморските сили на Украина.

Во Средоземното Море, Русија чува два брода, вклучително и еден носач на крстаречки ракети „Калибар“ со вкупно салво до осум ракети.

Портпаролот на украинската морнарица Дмитро Плетенчук рече дека Русија не може да си дозволи целосно да ги напушти водите на Црното Море, па затоа се обидува да го зајакне своето оружје за да се спротивстави на украинските беспилотни летала.