Лидерите на земјите-членки на ЕУ и НАТО денеска во Киев се сретнаа со украинскиот претседател Володимир Зеленски. Полскиот премиер Матеуш Моравјецки, Словенскиот Јанез Јанша и Чешкиот премиер Петар Фиала патуваат во Киев иако главниот град на Украина беше цел на руско воено воздушно и копнено бомбардирање во последните 24 часа. Полската влада соопшти дека Зеленски ќе биде известен за помошта и планот на ЕУ за Украина.

“Ќе имаме средба со претседателот Володимир Зеленкси и премиерот на Украина Денис Шамихал. Всушност, оваа делегација ја претставува Европската Унија. Оваа посета беше планирана со недели, но беше чувана во тајност. Во Киев ќе го претставиме конкретниот план и општата помош на ЕУ за Украина“, изјави Михал Деорчик, шеф на кабинетот на премиерот на Полска

Посетата на тројцата премиери на земјите членки на ЕУ доаѓа 4 дена по нападот што руската армија го изврши на воената база во Лавов, на 20 километри од границата со Полска.

Зеленкси преку видео-обраќање на состанокот на лидерите на ЕУ во Лондон рече дека Русија не застанува во Украина, следниот ден таа ќе стигне во нивните земји. Тој, исто така, додаде дека некои земји-членки на НАТО се фасцинирани од Руската Федерација, додавајќи дека изјавите дека со вмешаноста на Северноатлантската алијанса почнува Третата светска војна дополнително го инспирирале Кремљ да бомбардира градови, цивилни објекти, болници и училишта.

Советникот на украинскиот претседател Олексеј Арестович изјави дека очекува конкретни договори на почетокот на мај, пренесува Радио Слободна Европа. Според него, во случај да не се постигне мировен договор, Русија ќе бара војници доброволци од Блискиот Исток за втора рунда на окупација.

Повикувајќи се на дипломатски извори, Си-Ен-Ен јавува дека следната недела во Брисел ќе се сретнат лидерите на земјите-членки на НАТО, на која ќе и претходи состанок на министрите за одбрана закажан за крајот на оваа недела. /Алсат.мк

Адријан Керими