Шпанскиот гигант Реал Мадрид е на праг да го ангажира Килијан Мбапе, но нема да го потврди трансферот додека не заврши пресметката со ПСЖ во Лигата на шампиони (ЛШ).

Овие две екипи во февруари и март ќе се пресметаат во рамки на нокаут-фазата на елитното натпреварување, а Реал за две недели од сега може да почне преговори со Мбапе и да го договори неговиот трансфер.

Долго време се најавува дека Мбапе ќе го напушти ПСЖ бидејќи не сака да потпише нов договор, па се очекува конкретен потег од страна на Реал Мадрид.

Реал не сака да му направи проблеми на францускиот репрезентативец, па поради тоа нема да објавува ништо за да не биде под притисок од медиумите и фудбалската јавност.

Договорот меѓу двете страни се очекува да биде постигнат по реваншот меѓу Реал и ПСЖ во ЛШ.