По 11 лица се трага откако утринава избувна пожар во одморалиште за лица со посебни потреби во источна Франција, соопштија локалните власти. Пожарот избувна во одморалиште во градот Винценхајм во близина на Колмар во провинцијата Алзас.

Министерот за внатрешни работи Џералд Дарманин рече дека можно е да има и жртви бидејќи пожарот го зафати одморалиштето за лица со посебни потреби.

На местото на несреќата пристигнале 76 пожарникари и 40 припадници на жандармеријата кои успеале да го стават пожарот под контрола.

Седумнаесет лица се евакуирани, а едно од нив е пренесено во болница. Засега пожарникарите не можат да утврдат дали исчезнатите лица се гости на одморалиштето или нивната придружба.

Прикажи повеќе