Безбедносните мерки во Босна и Херцеговина се подигнати на повисоко ниво поради стравувањата од можно прелевање на кризата од Блискиот Исток. Ова го изјави министерот за безбедност на Босна и Херцеговина, Ненад Нешиќ за новинската агенција СРНА.

Според него безбедносната состојба во Босна и Херцеговина во моментов е добра.

„Ги следиме настаните и во регионот и во светот и очекуваме ниту еден настан да не изненади“, изјави Нешиќ.

Инаку, австрискиот министер за внатрешни работи, Герхард Карнер, на 18 октомври изјави дека Австрија го подига нивото на предупредување за закана од тероризам.

Тој на прес-конференција во Виена рече дека тоа е таканаречениот „портокалов код“, односно второто највисоко можно ниво на безбедност.

Како што објави австрискиот печат, тоа значи дека оценката на властите е дека постои конкретна закана и зголемен ризик од напад во Австрија и дека е донесен поради ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток и терористичкиот напад во Брисел пред три дена, кога две лица беа убиени во престрелка во близина на центарот на градот.

Прикажи повеќе