Кошаркарите на Пелистер на убедлив начин ја завршија 2021 година остварувајќи ја и 12-тата победа во серија со што се непоразени оваа сезона.

Битолчани на дербито во Скопје против домашнииот МЗТ славеа со 93-78 и потврдија дека се најдобрата екипа во досегашниот дел од македонското првенство.

Победата дојде како резултат на добрата игра во првата и особено во третата четвртина кога домашните кошаркари не успеаја да го запрат шутот од дистанца на гостите. Кесар со 30 поени беше најефикасен на паркетот.

Првенството продолжува кон крајот на јануари.