Денеска е потврден и првиот допинг случај на Зимските олимписки игри во Пекинг. Станува збор за алпската скијачка, 36-годишната Савех Шемшаки од Иран, чиј тест бил позитивен на анаболичен стероид.
Шемшаки требаше да се натпреварува на своите трети игри во кариерата во Пекинг, бидејќи го претставуваше Иран во дисиплините на слалом и велеслалом во Ванкувер и Сочи. Најдобриот резултат го постигна во Сочи каде беше 31. во слаломската трка.