Корисниците на Facebook и Instagram од голем број земји денеска повторно се пожалија на големи прекини, објави веб-страницата Downdetector, која ги следи прекините и неправилностите во работата на популарните интернет мрежи.

Проблеми најчесто пријавуваат корисници од САД, Франција, Германија, Велика Британија, Канада, Полска, Русија и други земји.

Според Downdetector, проблемите со Instagram главно се поврзани со работата на апликацијата, како и поврзувањето со серверот и вчитувањето на страницата. Проблемите на Facebook, пак, главно се поврзани со работата на страницата и тешкотиите при најавување на профилите.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.