Очекуваниот животен век на жителите на ЕУ е 80,6 години, соопшти Еуростат. Проценката е направена врз база на податоци во 2022 година, според кои животниот век на граѓаните на ЕУ е продолжен за пет месеци во однос на 2021, но е е за девет месеци покус од предпандемискиот период во 2019 година.

Жените во ЕУ живеат подолго од мажите и нивниот очекуван животен век е 83,3 години, што е за над пет години повеќе од мажите чиј просек е 77,9 години.

Еуростат нема податоци за проценка на животниот век на населението во Македонија за 2022 година. Според податоците од 2021, Македонците во просек живеат 73,2 години. Животниот век на жените е 75,5, а на мажите 71,1 година.

Во 2021 е заблежан пад на очекуваниот животен век во земјава за три години и пет месеци во спроедба со 2018 кога изнесувал 76,7 години.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.