Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека неговата земја нема да дозволи одржување собири за поддршка на „терористички организации“, додавајќи дека унгарските граѓани можат да се чувствуваат безбедно, без разлика на нивната вера или потекло.

„Шокантно е тоа што има собири на оние кои ги поддржуваат терористите низ цела Европа“, рече Орбан.

Тој додаде дека имало дури и такви „обиди“ во Унгарија, но дека неговата земја нема да дозволи собирање на поддршка за „терористички организации“ бидејќи тоа би претставувало закана од тероризам.

Прикажи повеќе