ОН повика на истрага по извештајот на Си-Ен-Ен за неселективен израелски напад  во кој загина половина семејство во Газа

Обединетите нации бараат истрага за неселективен израелски напад во кој загинаа половина од едно семејство во Газа, откако во средата беше објавен извештај на Си-Ен-Ен.

„Повикуваме на целосна истрага за она што е објавено“, рече портпаролот на генералниот секретар на ОН Стефан Дујарик во средата за време на прес-конференција, како одговор на прашање на Си-Ен-Ен.

ОН немаат свои информации за инцидентот, „но тие треба да бидат истражени“, рече Дујарик, повторувајќи го молбата на ОН за Израел да дозволи повеќе новинари во Газа.

Извештајот на Си-Ен-Ен првично се базира на сеќавањето на 18-годишната Роба Абу Џиба, која ја сретнале болницата на „Мачениците на Ал-Акса“  во Деир ал-Балах, централна Газа.

Таа два месеци била засолнета со своето семејство во индустриски магацин на улицата Салахедин, главниот автопат север-југ во појасот, кога се случил силен напад од израелската војска. Роба меѓу другото раскажала дека се сеќава на пукотници и експлозии, и како ги гледала нејзините браќа и сестри како умираат пред неа.

Нејзината мајка и тројца нејзини браќа и сестри можеле да побегнат, но таа не е сигурна каде отишле.

По случајната средба и откривањето на личната карта на Роба под урнатините, повеќенеделната истрага на Си-Ен-Ен успеа да собере што се случило за време на една застрашувачка ноќ на почетокот на јануари, во која загинаа пет нејзини браќа и сестри. Нивната приказна нуди прозорец кон огромната и често неселективна употреба на сила од страна на израелската војска во области каде на цивилите им беше кажано дека ќе бидат безбедни, помагајќи да се открие злосторството што инаку би останало скриено.

Речиси две недели по нападот, група жители кои ги прочешуваа разурнувањата на улицата Салахедин наидоа на застрашувачка сцена: најмалку осум лица, меѓу кои три деца, сите мртви, склопени во срушениот магацин. Оние кои работеа на извлекување на телата ги покриваа лицата, штитејќи се од мувите и мирисот на месото што се распаѓа, се наведува меѓу другото во Извештајот на Си-Ен-Ен.

Подготви: Д. Тахири