Околу 10.000 новороденчиња и деца убиени во Газа, од кои стотици се заробени под урнатините

Децата од Газа се подложени на неселективни напади од страна на Израел во услови на геноцид кој трае веќе три последователни месеци, соопшти Еуро-Мед Монитор, додека на голем број од нив им е забранет пристапот до храна и/или чиста вода. Многу од овие деца биле принудени да бегаат под оган, што ги влошило нивните и онака несигурни психолошки ситуации.

Од  Евро-медитеранскиот монитор за човекови права  соопштија  дека во интензивните израелски воздушни и артилериски напади врз Појасот Газа досега се убиени 23.012 Палестинци, меѓу кои 9.077 деца. Бидејќи стотици дополнителни деца остануваат заробени под урнатините на уништените згради со мали шанси за преживување, вкупниот број на смртни случаи на деца најверојатно ќе надмине 10.000.

Според бројките на Еуро-Мед Монитор, околу 700.000 деца биле погодени од израелскиот геноцид во Газа, број кој ги вклучува и убиените, повредените и внатрешно раселените.

Групата за права соопшти дека агенциите на Обединетите нации, како што е УНИЦЕФ, одбиле да го откријат вистинскиот број на жртви, бидејќи тоа би барало соочување со сопствената неспособност да ги извршуваат своите улоги, што наводно подразбира спасување заробени или ранети жртви и ефективно спречување на смртта на безброј деца во Газа.

Тековните израелски напади оставија повредени над 18.000 палестински деца, а многумина се во критична состојба. Десетици други претрпеле ампутации, а стотици други се здобиле со тешки изгореници на различни делови од телото.

Еуро-Мед Монитор понатаму процени дека меѓу 24.000 и 25.000 деца во Појасот Газа изгубиле еден или двајцата родители, а на околу 640.000 им биле уништени или оштетени домовите, оставајќи ги без место за живеење.

Покрај тоа, иднината на стотици илјади деца сè уште е непозната, бидејќи 217 училишта во Појасот Газа се оштетени или уништени за време на израелските напади, што сериозно влијае на образовниот процес во Појасот.

Подготви: Д. Тахири