Огромен пожар во една од најголемите руски рафинерии на ЛУКОИЛ

Голем пожар во текот на минатата ноќ избувна во рускиот град Волгоград, при што гореа нафтени деривати на површина од 300 квадратни метри, објавија локалните медиуми, повикувајќи се на руското Министерство за вонредни ситуации, пишува Украинска правда

Локалните медиуми објавија дека пожарот се случил во нафтената рафинерија ЛУКОИЛ-Волгограднефтепереработка во Волгоград. Според првичните информации нема жртви во инцидентот.

Неколку извори во службите за итни случаи потврдиле за локалните новинари дека во рафинеријата за нафта паднал дрон. Веднаш биле повикани војската, медицинските лица и пожарникарите. Во моментот на падот на беспилотното летало немало присутни луѓе, а соопштено е дека причинетата штета била сериозна.

Пожарот подоцна бил локализиран и изгаснат.

ДОО ЛУКОИЛ-Рафинеријата за нафта Волгограднефтепереработка е најголемиот производител на нафтени деривати во Јужниот федерален округ на Русија, со капацитет да преработи 14,8 милиони метрички тони сурова нафта годишно.

Г. Т.