Освежителни, пријатни на вкус и арома, мандарините се многу вкусно и здраво овошје кое скоро секој го сака. Има повеќе здравствени придобивки, создава добро расположение, освежува и ја ублажува нервозата.

Тие се многу богати со витамин Ц, затоа се одлични за борба против настинки и стрес. Мандарината, исто така содржи фолна киселина, железо, калиум, магнезиум, витамини Б1, Б2 и Б3. Помага во борбата против холестеролот и го штити срцето.

Топи килограми

Мандарината е дефинитивно совршено овошје за оние кои сакаат да изгубат тежина. 100 грама од ова овошје содржи само 34 калории. Таа е совршен сојузник во борбата против стрии и целулит. Едната мандарина содржи 85% вода, што иницира детоксикација на организмот и обезбедува 80% од потребниот дневен внес на витамин Ц. Таа е богата со диетални влакна, кои се одлични за варење.

Драгоцена во негата на кожата

Можете да ја користите за убава кожа и доволно е да земете две мандарини, да ги исцедите и сокот да го натопите во газа. Газата држете ја на лицето и вратот околу 20 минути. Исплакнете со ладна вода и можете да ја користите еднаш неделно за да ја освежите кожата.

Мандарината содржи бета-криптоксантин, кој делува на кожата како витамин А. Ја обновува кожата и ја зајакнува еластичноста на кожата. Отвора запушени пори и запира создавање на дамки на кожата. И дава на кожата младешки изглед и хидратација.

Препорачана дневна доза е околу 7 мандарини

Препорачливо е да ги чувате мандарините на собна температура, рок на траење имаат околу една недела. Од мандарините може да се направи џем, компот, колачи и торти.