Новиот македонски прволигаш Воска Спорт доведе уште едно засилување за премиерната сезона во елитата. Тоа е Николче Шаркоски, кој доаѓа од тимот на Работнички и потпиша двегодишен договор со клубот од Охрид.

Минатата сезона во дресот на Работнички тој одигра 25 натпревари, постигна еден гол и забележа три асистенции.

Шаркоски треба да претставува големо засилување за средниот ред на Воска Спорт.

Прикажи повеќе