Македонија кубури со секаков вид на медицински кадар. За медицинскиот кадар нема континуирана обука. Претходно престојуваа во познати здравствени центри и искуството го пренесуваа во Македонија. Но, сега од тоа нема ништо. Сите заминуваат или во приватно или во странски здравствени центри, рече доктор Игор Николов, претседател на Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ на гостување во емисијата За или против што се емитува на телевизија Алфа.

Според Николов има повеќе модели да се задржи медицинскиот кадар, но оти не се прави ништо од актуелната Влада.

Моделите за зачувување на кадарот ние ги разгледуваме како Комисија за здравство. Еден е давање стипендии за специјализации на пример. Потоа ќе бидат обврзани знаењето да го применуваат во нашите здравствени институции. Второ, мора да има протоколи за пренос на знаење. Една процедура да не ја прави еден тим, туку да подготвува и друг тим – вели Николов.

Тој укажа и на праксата со тоа што заминуваат лекари некои процедури да не се прават во јавното здравството.

Бевме сведоци, процедури и искуство од јавно да се префрлат во приватно здравство или услугите се преместени од приватното во јавното здравство се разбира за оние кои можат да платат, а здравството треба да е достапно за сите. Граѓаните плаќаат здравствено осигурување – посочи доктор Николов.

Николов укажа дека е исклучително лоша состојбата и за пациентите говорат лошите извештаи на Државниот завод за ревизија.

Ако ДЗР нотира дефицит на лекови, застарена позитивна листа тоа се знае за што зборува. Но можеби евентуално некому ова му одговара. Но трпат граѓаните – рече Николов.

Николов се осврна и на фактот што нема лекови ниту за лицата со ретки болести.

Се прават некои напори, но тоа воопшто не е доволно. Или сите пациенти речиси имаат проблем не само оние со цистична фиброза, туку и лицата со дијабет за нив исто нема од новите лекови, онколошките пациенти исто се соочуваат со проблем и за нив нема нови лекови – рече Николов укажувајќи дека она што се гледа е само едно арогантно однесување кога станува збор за здравството, или и за медицинскиот персонал и за пациентите.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.