Неопходно е државата да најде инструмент кој дестимулативно ќе влијае врз пушењето, бидејќи Македонија е една од првите 10 држави во светот по испушени цигари по пушач, сметаат од „Аналитика“ Тинк-тенк. Како застапници за политики засновани на докази, веруваме дека усогласувањето со препораките на СЗО е клучен чекор кон спречување на епидемијата на тутун во нашата земја. Го повикуваме Министерството да се погрижи претстојните мерки да бидат сеопфатни, да ги опфаќаат сите аспекти на контролата на тутунот и активно да ги вклучуваат релевантните засегнати страни, велат од „Аналитика“.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.