Неколку меѓународни авиокомпании ги прекинаа летовите до или од Тел Авив по нападот на Хамас врз Израел, велејќи дека чекаат да се подобрат безбедносните услови, пренесува Ројтерс.

Во судирите што следеа по истрелувањето на илјадници ракети на Хамас врз Израел на 7 октомври загинаа најмалку 700 Израелци, додека израелските воздушни напади убија најмалку 436 луѓе во Појасот Газа.

Американските авиокомпании Јунајтед Ерлајнс, Делта Ерлајнс и Американ Ерлајнс ги прекинаа директните летови во неделата. Нив им се приклучија и компаниите Ер Франс и финскиот Финер, кои исто така ги прекинаа директните летови.

Британскиот ЕasyJet ги прекина летовите до Тел Авив во недела и понеделник и најави дека ќе го прилагоди времето на летот во следните неколку дена.

Истото го направи и унгарски Wizz Air до понатамошно известување. Луфтханза исто така ги откажа летовите до Тел Авив во понеделникот на 9 октомври, а португалскиот ТАП ги прекина летовите до понеделник и понуди поврат на средства или презакажување без дополнителни трошоци.

Од „Вирџин Атлантик“ велат дека ќе продолжат со некои летови, но дека клиентите можат повторно да резервираат или да побараат рефундирање до 15 октомври.

Прикажи повеќе