Ако сте зависник од кафе, веројатно ве интересира што се случува во телото кога внесувате премногу кофеин. Постои максимална безбедна дневна доза на кофеин, тоа го утврди американската Управа за храна и лекови. Според оваа организација, консумацијата од 400 милиграми кофеин е безбедна за возрасните и не би требало да биде проследена со несакани ефекти.

Ова може да се каже дека е еквивалентно на околу 5 шолји, умерено јако, кафе дневно.

Постои и долна безбедна граница, еквивалентна на 250 милиграми кофеин или 2 до 3 шолји кафе дневно.

Предозирање со кофеин се смета над 1200 милиграми дневно, а 600 милиграми се смета за вишок. Злоупотребата може да пројави несакани ефекти како нервоза, несоница, проблеми со дигестивниот систем, тахикардија, осип на кожата, црвенило на лицето и слично.

Се разбира, доколку имате одредени здравсвени проблеми за коишто се забранува или ограничува внесот на кофеин, слушајте го советот од лекарите.

Прикажи повеќе