На Клиниката за ортопедски болести при ТОАРИЛУЦ минатата недела е изведен комплициран оперативен зафат – реконструкција на горен екстермитет на 44-годишен маж кој бил повреден со огнено оружје. Како што соопшти Клиниката, направена е трансплантација на подлактица со коскено ткиво од донор.

Се работи за склопетарна повреда настаната како последица на истрел од огнено оружје во март 2023 година. Притоа е оштетена една од коските на подлактицата со голем дефект од осум сантиметри. За премостување на дефектот, користена е фибула од починат донор и е фиксирана со плочки и шрафови, објаснува д-р Александар Трајановски, директор на Клиниката за ТОРИЛУЦ и еден од хирурзите кој, заедно со д-р Александар Савески, учествуваше во транспланатацијата.

Клиниката соопшти дека пациентот по операцијата се чувствува добро и го очекува период на рехабилитација и целосно враќање на функцијата на раката.

Ова е трета транспланатција на коскено ткиво од починат донор годинава и 22-ра во последниве три години откако на Клиниката за ортопедија почна да се работи експлантација и трансплнтација на коскени ткива од починат донор, се наведува во соопштението.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.