На крајот од месецов Зеленски во Албанија

На 28 февруари во Тирана ќе се одржи самит за Украина на кој ќе присуствува и претседателот Володимир Зеленски, кому му е прва посета на Тирана а на 29 ќе се одржи Самит на лидерите на Западен Балкан, јавија албанските медиуми.

Одржувањето на Самитот претходно го најави албанскиот премиер Еди Рама кој изјави дека Самитот ќе се одржи во знак на поддршка на Украина и оти ќе се разговара за теми поврзани со безбедносните предизвици.

Тоа веднаш го поздрави украинскиот амбасадор во Тирана, Володимир Шукров, изразувајќи при тоа голема благодарност од име на неговата земја за континуираната поддршка што ја дава Албанија.

Ден подоцна, на 29 февруари, главниот град на Албанија ќе биде домаќин на Самит на лидерите на земјите од Западен Балкан.

-Во фокусот ќе биде патувањето на земјите од Западен Балкан кон ЕУ, како и спроведувањето на Планот за економски раст, чија цел е проширување на придобивките од единствениот пазар на Европската унија во регионот пред формалното членство, со цел позитивен придонес кон економскиот раст и забрзување на социо-економската конвергенција со ЕУ, јавија албанските медиуми.