Обилните врнежи што ја зафатија северна Кина во последните денови однесоа најмалку 62 животи, покажуваат најновите податоци според кои само во Пекинг за една недела бројот на жртви се зголемил тројно.

Тајфунот Доксури, кој ослабна до невреме откако веќе ги погоди соседните Филипини, погоди делови од Кина минатата недела, носејќи обилни дождови кои предизвикаа голема штета.

Посебно беа погодени главниот град Пекинг, кој ги забележа најобилните врнежи во последните 140 години, и соседната провинција Хебеј.

Денеска, бројот на загинати во Пекинг се искачи на најмалку 33, а 18 лица се водат како исчезнати. Врнежите го погодија североисточниот дел на Кина во близина на Русија и Северна Кореја.

Во соседната провинција Хебеј, најмалку 15 лица загинаа во невремето, а во североисточна Кина, во голема провинција која произведува жито, најмалку 14 лица.

Кинеските власти во петокот објавија дека при природни катастрофи во јули загинале или исчезнале најмалку 147 лица. Овие жртви не се предизвикани само од тајфунот Доксури.