Најмалку 22 лица се удавија кога туристички брод се преврте во јужната индиска држава Керала.

Бродот се превртел во близина на крајбрежниот град Танур. Според локалната полиција спасувачката акција е во тек, а бројот на загинати би можел да биде поголем откако ќе биде извлечен бродот.

Спасувањето било отежнато во ноќните часови, а локалните медиуми јавуваат дека меѓу жртвите има жени и деца кои биле на училишен одмор.

„Извлечени се 22 тела, од кои 15 се жени и седум мажи. Во болницата има околу шест лица. Најмалку четири лица кои се пренесени во болница се во критична состојба“, потврди офицер од полициската станица Танур.

Прикажи повеќе