Најмалку 10 лице се загинати во сообраќајна несреќа што се случила во регионот Хантер, во австралиската држава Нов Јужен Велс, соопшти австралиската полиција.

Сите загинати биле во автобусот кој излетал од коловозот, а првите информации говорат дека во таа несреќа се повредени единаесет лица. Сите веднаш биле префрлени во блиските болници.

Возачот на автобусот, 58-годишен маж, ја преживеал несреќата и бил пренесен во болница на тестови. Вкупно осумнаесет патници во автобусот останале неповредени или со полесни повреди.

Несреќата се случила вечерта недалеку од градот Грета.

Полицијата соопшти дека започнала истрага за несреќата. Според локалните медиуми, автобусот се враќал од свадбена веселба.

Прикажи повеќе