Тим од Sandia National Laboratories и Texas A&M University ја тестираше отпорноста на металот и ги влечеше краевите на металот 200 пати секоја секунда со помош на пренослив електронски микроскоп.

Потоа забележале дека парче платина со дебелина од 40 нанометри суспендирано во вакуум самото се поправа, односно ги „пополнува“ пукнатините што се формирале.

Пукнатините предизвикани од типот на стрес на материјалите, опишан погоре, се всушност оштетување од замор, кога  повеќекратните поместувања предизвикуваат микроскопски фрактури.

По околу 40 минути набљудување на пукнатините во платината почнале повторно да се спојуваат и поправаат.

“Тоа беше неверојатно. Откривме дека металите имаат своја внатрешна, природна способност за само-заздравување, барем во случај на оштетување од замор во наноскала“, рече експертот за материјали Бред Бојс од Sandia Nacional Laboratoris, пишува „Science Alert“.

Како металот ќе се однесува во „секојдневни“ услови

Научниците се уште не ги знаат точните услови под кои се одвива овој процес, што точно се случува и како може да се користи во новите технологии. Но, кој знае, штом ќе ја разбереме физиката зад овој „чудесен феномен“, може да воведе сосема нова ера во инженерството.

На пример, замислете какви промени би настанале во нашите животи доколку делови од мостови или машини би можеле сами да се поправаат или одржуваат? Звучи како научна фантастика, но кој знае што носи иднината за сите нас. Развојот на технологијата веќе не е исклучиво негативен.

На следните генерации нема да им оставиме само загаден воздух и прегреана планета, туку и електрични автомобили, нови лекови за смртоносни болести, неверојатни откритија во вселената – а можеби дури и машина за перење што постојано се поправа на микро ниво.

„Од споевите во нашите електронски уреди, моторите на автомобилите до мостовите по кои возиме, сите овие структури често непредвидливо пропаѓаат поради цикличното оптоварување што доведува до пукнатини и расцепи. Кога има проблем, треба да се справиме со трошоците за замена на делови, многу потрошено време, а во некои случаи дури и повреда или загуба на животи“, вели Бојс.

Интересно е и тоа што автоматската „самопоправка“ се случила на собна температура. Металот обично ја менува својата форма на високи температури. Со оглед на тоа дека експериментот е изведен во вакуум; останува да се види дали истиот процес ќе се повтори за конвенционалните метали во типична средина.