Научници на Националната аеронаутичка и вселенска администрација, позната како НАСА, велат дека јули 2023 година веројатно ќе биде најтоплиот месец во последните стотици, ако не и илјадници години, предупредувајќи дека следната година веројатно ќе биде уште потопла, јави Дојче Веле.

„Гледаме невидени промени ширум светот. Топлотните бранови што ги гледаме во САД, Европа, Кина и уривањето на температурните рекорди не се изненадување“,

изјави Гевин Шмит, директор на Годард Институтот за вселенски студии на НАСА.
Главниот научник и виш советник за климата на НАСА, Кејт Калвин, вели дека науката говори оти човечката активност, главно емисиите на стакленички гасови, недвосмислено го предизвикуваат затоплувањето.

Топлотните бранови забележани во моментов, како што посочија научниците, се должат на целокупната топлина низ светот, особено во океаните. Таму, како што велат, се забежуваат рекордни температури на површината на водата, дури и вон тропските предели. Овие температури се очекува да продолжат да растат поради непрестаното ослободување на стакленички гасови во атмосферата.

Предвидувањата се дека 2024 година ќе биде уште потопла од оваа поради јакнењето на феноменот Ел Нињо.